Home » Во фокусот » Американ Колеџ организира обука на тема: “Вештини за решавање проблеми при донесување на одлуки“

Американ Колеџ организира обука на тема: “Вештини за решавање проблеми при донесување на одлуки“

Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје во рамки на UACS Enterprise прорамата, чија  цел е да ја прикаже подготвеноста на колеџот за овозможување квалитетна едукација  која се базира на пренесување применети вештини, прилагодени корпоративни едукациски решенија согласно потребите на бизнис заедницата преку комбинација на локална и меѓународна експертиза, организира обука на тема „Вештини за решавање проблеми при донесување на одлуки”.

Обуката ќе ја спроведе проф д-р Виторио Де Педис – Предавач со меѓународна експертиза од областа „Решавање на проблеми и донесување на одлуки за големите европски корпорации“.

Vittorio

Виторио Де Педис

Обуката е наменета за:
– Менаџери кои имаат големи супервизиски одговорности
– Лидери на тимови во поголеми компании
– Професионалци на кои им е потребно солидно разбирање за процесот на донесување на одлуки

Како што најавуваат од организаторот, курсот е интерактивен и со фокус на индивидуално подобрување на вештините на секој од учесниците. Вештините и техниките се совладуваат низ дискусија, примери од искуство, студии на случај и практична примена на сите научени техники во куси задачи.

Сите учесници ќе добијат и конструктивна повратна информација за надминување на слабоститe и истакнување на  потенцијалитe.

Обуката ќе се оддржи на 18,19 и 20-ти Март и секој учесник ќе добие сертификат од признатата образовно-истражувачка институција.

За повеќе информации околу обуката можете да го посетите веб сајтот : http://www.uacs.edu.mk/enterprise , или Вашите прашања да ги упатите на следнава e-mail адреса ExecEd@uacs.edu.mk :

За предавачот:

Де Педис е искусен предавач на тренинзи за менаџери како приватно банкарство, корпоративни финансии и финансиски пазари како и специјализирано образование за менаџери на италијански и меѓународни компании и банки. Тој исто така предава курсеви за менаџери во областите Решавање на проблеми и донесување одлуки за големи европски корпорации. Проф. ДеПедис е шеф на катедрата за корпоративни финансии на ЕСЦП Европа (ESCP Europe, Torino Campus), вонреден професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) и професор по претприемништво и личен капитал на Универзитетот во Рим.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365