Home » Во фокусот » Американците најмногу веруваат на рекламите во печатени медиуми

Американците најмногу веруваат на рекламите во печатени медиуми

Принт рекламите се најкредибилитна форма на платено медиа огласување кај популацијата од Северна Америка.

Дури 63 проценти од жителите на САД одговориле дека најмногу веруваат на рекламите во дневен весник, покажа истражувањето на Nielsen спроведено врз 29,000 глобални потрошувачи чии резултати деновиве ги објави порталот Statista.

Весниците “за влакно“ предничат пред рекламите во магазини и ТВ, кои ја имаат довербата на 62% односно 61% од испитаниците.

Најверна форма на online рекламирањето, според истражувањето, е она кое допира преку пребарувачите (search engine advertising) на кое му веруваат 44% од испитаниците. На веб банерите веруваат 33% а на рекламите на социјалните мрежи 39% од испитаниците.

Во однос на неплатеното рекламирање (кое сеуште останува најефективен начин за допирање до потрошувачи) предничат личните препораки и online препораките на потрошувачи кои ја имаат довербата на 82 и 68 проценти од жителите на Северна Америка.

Statista-Infographic_1473_consumer-trust-in-advertising-

 
Извор: Маркетинг Мрежа

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365