Home » Во фокусот » Амнести Интернешнл со кампања против раздвојувањето на бегалските семејства

Амнести Интернешнл со кампања против раздвојувањето на бегалските семејства

Според актуелните закони на Обединетото Кралство, бегалските деца кои добиле азил во државата немаат право да ги земат и своите родители, односно доколку пар родители добиле азил во земјата, тие не можат да ги земат и своите деца постари од 18 години.

Хуманитарната организација Амнести Интернешнл започна иницијатива и петиција за менување на овие законски одредби и со цел да го сврти вниманието на јавноста кон проблемот со раздвојувањето на бегалските семејства кои сакаат да влезат во Обединетото Кралство, создаде пешачка зона „забранета за семејства“ во еден дел на Лондон.

Имено, во динамичниот и урбан центар на градот наречен Southbank, организацијата, во соработка со агенцијата VCCP, постави неколку знаци кои ја означуваат пешачката зона како „забранета за семејства“. Притоа, неколку лица облечени како одржувачи на редот го патролираа реонот и им пристапуваа на групите минувачи кои изгледаа како семејства, информирајќи ги дека ќе мора да се раздвојат доколку сакаат да поминат.

Минувачите регираа со зачуденост, вознемиреност и неверување од барањето кое им беше поставено. Овој социјален експеримент покажува колку е всушност тажна секојдневнта реалност на бегалците кои мораат да избираат помеѓу личната безбедност и своето семејство – нешто што за мнозинството од луѓето кои живеат во Обединетото Кралство е несфатливо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365