Home » Во фокусот » Амстел го слави пријателството во новата хумористична реклама “Hold My Beer”

Амстел го слави пријателството во новата хумористична реклама “Hold My Beer”

Новата кампања која за Амстел Русија ја изработи агенцијата 180 Kingsday  е сериозна кога станува збор за пивото и пријателството

Пивото и пријателството се редовна комбинација во рекламите, но новата кампања за Амстел го подигнува ова пријателство на едно потполно ново ниво на лојалност и посветеност.

Оваа хумористична реклама наречена “Hold My Beer” ја изработи амстердамската агенција 180 Kingsday, а црпи инспирација од самата историја на брендот кој е роден во 1870 година од пријателството на двајцата холанѓани De Pesters и Van Marwijk Kooy и нивната желба заедно да споделат квалитетно пиво.

Дејството на рекламата се одвива во симпатичен европски рибарски град, каде што двајца пријатели уживаат во ладното пиво. Кога еден од нив почувствува потреба да го посети тоалетот и го замоли другиот “да му го придржи пивото”, одеднаш по излегувањето се наоѓа сред морска ширина и сфаќа дека тоалетот во кој влегол, всушност бил на брод.

Во меѓувреме, неговиот пријател трпеливо стои, го држи пивото и се спротивставува на временските прилики, чекајќи да се врати неговиот пријател.

Kalle Hellzen, извршен креативен директор на агенцијата 180 Kingsday, кампањата ја опиша: “Наједноставните идеи се најчесто и најинтересни, а ‘Hold My Beer‘ е една од нив. Многу сме горди на тоа како оваа најнова итерација на платформата Serious About Beer and Friendship продолжува да гради препознатлив шарм, хумор и релевантност на брендот. И пред се`, беше задоволство да се работи со тимот во Москва на оваа кампања “.

Hold My Beer” е вториот спот којшто агенцијата 180 Kingsday го изработи во рамките на комуникациската платформа Serious About Beer and Friendship Since 1870, откако минатогодишната кампања ‘Pass It On‘ го позиционираше Амстел како премиум бренд во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365