Home » Во фокусот » Андреас Елснер заминува од позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком

Андреас Елснер заминува од позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком

Андреас Елснер, Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски Телеком на 1 јули годинава заминува од компанијата, соопшти Македонски Телеком.

На позицијата Главен извршен директор на компанијата Елснер беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата со успешни резултати во првото тромесечје од 2018 година, со раст од 2,6 отсто во однос на минатата година и водечки позициониран бренд.

Г-дин Елснер дојде во Македонија во 2014 година како одговорен на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а набрзо потоа, во 2015 година станува Главен оперативен директор за приватни корисници со клучна улога во развојот и спроведувањето на стратегијата за конвергентни решенија и услуги, којашто беше вистински предизвик на пазарот, ги наведува МТ работните ангажамани на Елснер во македонија.

Секое десетто семејство во Македонија денеска ги користи предностите на Магента 1, пакет конвергентни услуги од Македонски Телеком, наведува компнаијата и дополнува дека една од цврстите определби на Елснер е компанијата да го предводи патот на дигитализацијата на македонското општество, преку конкретни проекти како што е создавањето на првиот Инкубатор за дигитални таленти. Според МТ, тој посветено работеше на создавање „паметни“ решенија за подобри еколошки услови во градовите.

Стратешките проекти, предводени од Андреас Елснер ќе овозможат долгорочна одржливост во работењето на компанијата. Како резултат на овие достигнувања, Македонски Телеком ќе може да се справи со идните предизвици, да го предводи патот на дигитализацијата на општеството и да ја задржи позицијата на најдобар оператор на конвергентни услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365