Ако ја обожавате вашата работа, но Ви здосадило Скопје, можете да се огледате на Jonay Sosa и да станете патувачки копирајтер.
Шпанскиот копирајтер Jonay Sosa шета низ Европа и работи хонорарно за различни агенции, истовремено запознавајќи ги континентите и плаќајќи си го патувањето преку бизнис-замислен проект именуван како “Идеи за гориво“
Ветеранот Sosa, кој седум години работел за Saatchi & Saatchi, наплаќа сатница од 10 литри дизел за неговото комби (што би дошло некои 10-20$ на час, зависно од земјата).
Откако тој започна со својот пат во јуни минатата година, вели дека досега работел за 19 различни агенции, вклучувајќи ги и La Chose во Париз, Jung von Matt во Стокхлом и McCann во Букурешт. Во моментов е во Лондон каде работи за KK Outlet.
Според веб сајтот на самиот проект, досега тој поминал 14,538 километри и попил 813 пива :) Активно пишува блог постови за патувањата и споделува фотки на Инстаграм каде покрај дневните доживувања и предизвици редовно споделува и повици да му се “позајми“ туширање и машина за перење на алишта :)