Home » Во фокусот » Антониј Караџоски е победник на првиот бренд-натпревар “Сосема моја Македонија“

Антониј Караџоски е победник на првиот бренд-натпревар “Сосема моја Македонија“

Првиот креативен натпревар за брендирање на нашата земја „Сосема моја Македонија“ во организација на Бизнис академија Смилевски и првиот глобален бренд од Македонија, компанијата за маркетинг и односи со јавност PWorld го доби својот прв победник.

После неколку месеци планирање и реализација, собирање на идеи од македонските студенти, изборот на интернационалните судии од конференцијата Marketing Kingdom падна на Антониј Караџоски.

Antonij Karadzoski

Антониј Караџоски

Од мистичната убавина на адетите во Галичката свадба, па се до неискористениот потенцијал за елитен туризам кој природата го расфрлила преку Охридското езеро, Караџоски заслужено од светските експерти за маркетинг и односи со јавност си ја доби титулата најкреативен македонски студент кој овој месец ќе биде дел од конференцијата „Marketing Kingdom“.

Тој благодарение на учеството на овој натпревар ќе добие единствена можност да се запознае со светски познатите менаџери од брендовите на Mashable, Spotify, Coca Cola, Nokia, Airbus, Heineken и многу други кој ќе бидат дел од „Marketing Kingdom“ во организација на PWorld.

Денеска во Бизнис академија Смилевски се оддржа прогласувањето на победникот откако вчера судиите ја донесоа одлуката помеѓу петмината финалисти. Организаторите на натпреварот се задоволни од целиот процес и сметаат дека ова е одличен начин да ги откриеме потенцијалите на нашите студенти, а воедно и да ја покажеме својата љубов кон нашата земја.

Ни најмалку не ја очекував оваа наградата, затоа што својата идеја ја испратив на еден ден пред крајот на натпреварот. Долго размислував што сакам да претставам од својата земја, за на крај да се одлучам за една интересна комбинација помеѓу моите омилени локалитети и настани во Македонија. Повторно ќе кажам дека не ми се верува дека јас сум победникот кој ќе ја има шансата да се запознае со сите светски менаџери на Marketing Kingdom и оваа моја победа сакам да ја упатам како порака до сите млади да не се плашат да сонуваат. Нека се осмелат и да ги остварат своите соништа затоа што никогаш не знаеме од каде ќе започне сонот да ни се остварува. Еве мојот започна од денеска.“- изјави Караџоски, кој со молив ја брендираше нашата земја и нејзините скриени потенцијали за промоција пред светската јавност. Токму несекојдневниот начин на претставување на една земја единствено со молив е и креативниот пристап кој го донесе до победа.

Од Бизнис академијата Смилевски и PWorld сметаат дека судиите го направиле вистинскиот избор и изразија желба овој натпревар да стане традиционален, па секоја година светските менаџери да дознаваат за креативните македонски студенти.

Во продолжение погледнете ги креативните решенија на Антониј…

За магазинот Time

За магазинот Time

За магазинот Luxury

За магазинот Luxury

За магазинот Economist

За магазинот Economist

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365