Home » Во фокусот » Apple е нов највреден бренд на денешницата

Apple е нов највреден бренд на денешницата

Apple and Google
После долги 13 години во кои Кока-Кола го чуваше приматот како највреден светски бренд, вчера ни стигна информацијата  од новиот “Best Global Brands 2013” извештај на Interbrand, дека број #1 меѓу брендовите за оваа година е Apple со проценета вредност на брендот од 98,3 милијарди долари.

Кока-Кола не е ниту втора, бидејќи IT гигантот Google се проби на вицешампионското место со бренд кој се проценува дека вреди 93,3 милијарди долари.

najvredni brendovi na denesnicata - marketing365

Целата листа на Топ 100 брендови според истражувањето на Interbrand можете да ја погледнете на овој ЛИНК.

Рангирањето на светските брендови се врши уште од 2000 година.

При креирањето на листата се користи методологија која зема индикатори како финансиските резултати, лојалноста на купувачите и улогата која што секој бренд ја има при одлуката за купување.

Сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за методологијата по која се прави ова истражување за топ 100 брендови, можат да го посетат овој линк : http://www.interbrand.com/en/best-global-brands/2013/best-global-brands-methodology.aspx

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365