Home » Во фокусот » Apple направи три хип-хоп спотови, снимени целосно на iPhone X уреди

Apple направи три хип-хоп спотови, снимени целосно на iPhone X уреди

Оваа атрактивна кампања од Франција продолжува на тековната платформа “Shot on iPhone ” и им оддава почит на три градови – Марсеј, Лион и Париз

Apple го претстави во Франција продолжението на својата кампања “Shot on iPhone” со три хип-хоп филмови снимени во целост на iPhone X уреди.

Спотовите се направени во привлечен црно-бел стил, во режија на парискиот режисер и фотограф Аксел Морин. Основната идеја на спотовите е да им оддаде чест на градовите Марсеј, Лион и Париз и нивниот музички и визуелен  идентитет. Освен тоа што спотовите се снимени на iPhone, и песните во спотовите се снимени на на iPhone X уреди, а сите три видеа ќе бидат достапни исклучиво преку музичкиот сервис Apple Music.

Фотографиите од кампањата ќе се користат како дел од POS кампањата во продавниците на Apple во Франција, а кампањата вклучува и неколку водичи кои ги повикуваат корисниците да го снимат својот град од своја перспектива, со користење на напредните опции на iPhone Х.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365