Home » Маркетинг & Адвертајзинг » Apple и неговиот бесплатен ПР

Apple и неговиот бесплатен ПР

Apple е можеби еден од најпознатите брендови на денешницата.

Го има во различни форми, во различни медиуми, поместен на различни страници. Гигантите од интернет просторот и техничките категории станаа еден вид на посебни рвезди на црвениот тепих. Впрочем, во одредени моменти ги засенуваат и главните рвезди во односните приказни.

Apple го презентираше својот најнов оперативен систем iOS7 овој вторник. И неговиот дизајн. Во изминатите 5 дена, истиот колку што беше критикуван, толку беше и обожаван. 50/50.

Она што е восхитувачки во целата оваа приказна е тоа што Apple успеа да создаде мал милион наслови низ медиумите низ светот за својот iOS7 токму поради неговиот необичен дизајн. Необичен бидејќи се враќа во минатото, за разлика од она за што Apple од секогаш бил сметан – лидер и веќе позициониран во иднината.

Jony Ive е англиски дизајнер и потпретседател за индустриски дизајн во Apple. И човекот што во моментов е предмет на “обработка” поради неговите одлуки околу дизајнот (иако официјално, маркетинг тимот на Apple ги дизајнирал истите). Она што тој самиот и го потенцирал е тоа да работењето на новиот iOS7 не се одвивало под еден покрив и помалата количина на комуникација меѓу засебните тимови вклучени во дизајнот го однеле истиот во насока на жестоки критики.

При едно ребрендирање, вистинската и огромно големата количина на комуникација меѓу сите инволвирани е клучот за добро извршен брендинг. Дали Apple направил почетничка грешка или сето ова е дел од маркетингот, останува да видиме.

Противниците на новиот дизајн ги прават денешните наслови околу феноменот наречен Apple и донесуваат интересни идеи за тоа како би изгледале работите доколку Ive ги редизајнирал. Имаат и tumblr.

Еве некои од нив:

tumblr_mo79abCAWr1svn1xeo1_500

tumblr_moay6wtwBU1svn1xeo1_r1_400

tumblr_mocd26Bciq1svn1xeo1_500

tumblr_mocl23zUVA1svn1xeo1_500

tumblr_mocq44v4ie1svn1xeo1_500

 

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365