Пишувањето на пораки во текот на возењето е сериозен проблем за кој често се зборува, но еднаков проблем е и сурфање на интернет додека се вози, за што се зборува малку поретко. Бидејќи четири од пет возачи признаваат дека сурфаат на интернет во текот на возењето, Ауди го препозна овја голем проблем и заедно со агенцијата Åkestam Holst направи кампања за сигурност во сообраќајот, со многу едноставен пристап кон ова прашање.
Наместо да направи едноставна реклама која е лесно да се игнорира и да се прескокне, создаде бесплатна код кој може лесно да се вгради вовеб страниците. Кодот се нарекува Audi Safety Code и откако самиот издавач го вметнува во својата страница, тој ги анализира податоците од GPS, за да утврди дали посетителот се наоѓа во возило кое се движи побрзо од 20 километри на час. Доколку се детектира движење, се блокира пристапот до страницата се додека корисникот не потврди дека е патник, а не возач.
“Идејата за апликациите кои го блокираат телефонот во текот на возењето не е нова”, вели Рикард Бескоув, копирајтер во Åkestam Holst. “Проблемот е што ретко кој возач ја активира или ја презема таквата апликација. Оваа иницијатива им дава на програмерите и на издавачите можност тие самите да ја направат разликата “.
Очигледно е дека возачот може да ја излаже веб страницата и да каже дека не е тој кој вози, но пораката и понатаму е пренесена, што во нашите очи изгледа како вреден потег.
Audi