Home » Во фокусот » Ауди со нова кампања го прославува укинувањето на забраната на жените возачи во Саудиска Арабија

Ауди со нова кампања го прославува укинувањето на забраната на жените возачи во Саудиска Арабија

Пред околку една недела жените во Саудиска Арабија добија право да возат откако кралот Салман издаде декрет со кој што се дозволува возачки дозволи да им бидат издавани и на жени.  Со оглед на тоа што сме 2018 година, ќе го наречеме ова мал, но значаен, напредок за човековите права.

Ал Џезира не потсетува на угнетувачката ситуација внатре во апсолутната монархија до ден денес: “Овој систем на жените од Саудиска Арабија им ги укинува правата што ги уживаат повеќето муслимански жени на други места во светот. Една жена во Саудиска Арабија законски се третира како малолетник од лулка до гроб; таа треба да добие согласност од машкиот старател за да може да студира, да патува, да работи, да се омажи или да добие некои официјални документи. Разведената мајка или вдовица е под старателство на нејзиниот сопствен тинејџерски син “.

Сепак, има причина да ја славиме оваа победа, а тоа го прави и германскиот производител на автомобили, Ауди во својата најнова реклама.

 

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365