battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » AVE анализа на Самитот Македонија 2025

AVE анализа на Самитот Македонија 2025

Еден од бизнис настаните кои изминатиот месец предизвикаа најголемо внимание во јавноста, секако беше и инвестицискиот самит “Македонија 2025“.

На самитот се дискутираа прилично стратешки теми за развојот на нашата Република, присуствуваа звучни бизнис имиња и очекувано е што ова случување доби и тоа како голем медиумски публицитет.

Во соработка со нашите партнери Press Clipping, Ви ја претставуваме AVE (Advertising Value Equivalency) анализата на самитот “Македонија 2025“.

За AVE анализата и мојот став во однос на нејзината употреба, сум пишувал претходно во текстот – AVE анализа на мобилните оператори во Македонија, па не би се повторувал сега. Само ќе споменам еден добар заклучок на еден мој пријател кој вели “AVE анализата ја отфрлаат на секој самит, а утредента сите ја работат и ја бараат“.

AVE анализа на Самитот Македонија 2025

ВКУПЕН БРОЈ НА ОБЈАВИ ЗА НАСТАНОТ “Македонија 2025“

Вкупен број на објави за самитот Македонија 2020

 

Од графиконот погоре може да се види дека вкупно за настанот имало дури 432 објави, од кои 79% отпаѓаат на интернет статии, 12% од објавите се во печатени медиуми, 7% се телевизиски прилози и 2% се радио прилози. Во апсолутни бројки може да се прочитаат од самиот графикон.

Кога станува збор за интернет портали кои објавиле најмногу статии за настанот, предничат веб сајтовите на ТВ Сител (24 објави) и ТВ Канал 5 (20 објави), кои се следени и од новинската агенција NetPress (18 објави) и специјализираниот сајт за економски новости Lider (со 16 објави).

Алфа, МТВ 1 и Сител се ТВ куќите кои објавиле најголем број на прилози за самитот (по 7 прилози секоја) а ТВ Телма е телевизијата која најмалку (само еднаш) објавила за овој самит.

Кај радио станиците, за “Македонија 2025“  Македонско радио известило 7 пати а Канал 77 двапати.

Кај печатените весници, “Вечер“ и “Утрински Весник“ биле најагилни во покривањето на настанот објавуваќи по 10 статии, следени од Нова Македонија и Капитал кои објавиле по 9 односно 8 статии.

АVE АНАЛИЗА НА ОБЈАВИТЕ

Цените на медиумскиот простор (печатени медиуми, телевизија, радио, интернет) Press Clipping ги прикажува како аритметичка средина. Тоа значи дека е земен просек на огласниот простор за секој медиум.  Цените се во Евра.

Мерна единица во печатените медиуми е cm2, во електронските е секунда.

AVE на интернет објави.

AVE internet

AVE Internet /prices in euro

 

AVE TV

AVE TV

AVE TV /prices in euro

AVE Радио

AVE radio /prices in euro

AVE radio /prices in euro

АVE печатени медиуми

ave pecateni mediumi makedonija 2020

ВКУПНО

AVE TOTAL

ВКУПНА АVE вредност за настанот “Македонија 2025“ направена врз анализа на 423 објави на ТВ, Радио, печатени медиуми и интернет е 246.775 Euro.

 

Извор на информации – PressClipping, AVE Анализа за  настани

press clipping logo - marketing365

www.pressclipping.com.mk

 

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365