Home » Во фокусот » Авиокомпанија ги поврзува луѓето со помош на холограмски бар

Авиокомпанија ги поврзува луѓето со помош на холограмски бар

Агенцијата DDB Unlimited создаде иновативно искуство за патниците, наречено ’Take-off Tips

Што ако патниците кои чекаат да се качат во авион можат да разменат совети лице в лице со други кои патуваат во спротивна насока?

Авиокомпанијата KLM Royal Dutch Airlines соработуваше со креативната агенција DDB Unlimited за да создаде бар каде што патниците би можеле да се сретнат со цел да разменат локални совети во аеродромите во Холандија, Норвешка и Бразил. Ова ново доживување во патувањето е наречено “Take-Off Tips” или “Совети пред полетување“, а се имплементира со помош на 3D технологија за скенирање на лица и холограм.

Наместо пасивно чекање за лет, KLM создаде за патниците иновативен начин за споделување на непроценливи локални совети и културни согледувања што нивните патници не можат да ги добијат со читање водичи. Преку поврзување во живо, патниците можат да разговараат преку холограм со патниците на другиот крај на светот, на нивната следна дестинација, гледајќи се едни со други директно во очи.


“Многумина патници се досадуваат на аеродромот додека чекаат за нивниот лет. Со проектот ’Take-off Tips’, сакаме да им дадеме покорисен и незаборавен начин да го поминат своето време. Оваа нова иницијатива на KLM е добар пример за тоа како ги комбинираме созанијата со иновациите за да покажеме дека KLM е број еден во служба на корисниците”, вели Ед ван Беннеком, креативен директор на DDB Unlimited.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365