Home » Во фокусот » Австралиски бренд за душеци се исмева со IKEA поради комплексниот процес на составување

Австралиски бренд за душеци се исмева со IKEA поради комплексниот процес на составување

Австралискиот бренд за душеци Koala Mattress постави билборд непосредно до продавница на IKEA во Сиднеј, исмевајќи се со комплексниот и понекогаш фрустрирачки процес на составување на производите на шведскиот гигант за мебел.

Билбордот по својот дизајн потсетува на каталог на IKEA и го содржи натписот „NÖFNIDEÅ?“, кратенка за „No F*cking Idea“ со употреба на букви од шведската азбука, по што следува „Нема алати, нема грижи“ и веб адресата на компанијата.

Билбордот е дело на сопствениот креативен тим на Koala и целта била да се „информираат потрошувачите за леснотијата на купување и поставување душеци“. Креативниот директор на компанијата Метју Роси објасни дека убедувањето на регулаторите да го дозволат билбордот било „вистинска борба“, но задоволен е од резултатот.

Koala Mattress е основана како онлајн стартап компанија во Австралија во 2015 година, по што се издигна во еден од водечките австралиски брендови за мебел преку своите досетливи адвертајзинг кампањи и силно присуство на социјалните медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365