Home » Маркетинг & Адвертајзинг » BalCannes Yellow Pages – регионална база на маркетинг агенциите

BalCannes Yellow Pages – регионална база на маркетинг агенциите

Во склоп на претстојниот Викенд Медија Фестивал кој ќе се оддржи во Ровинј (од 19-ти до 22 септември 2013 год. ЛИНК), хрватското здружение за бизнис комуникации направи база на регионалните маркетинг агенции, каде секоја агенција (што ќе учествува на настанот) може да си ги постави своите најдобри проекти на увид пред јавноста и огласувачите – при што тие на поедноставен начин ќе можат да ја одберат агенцијата која најдобро одговара на нивните потреби или компаниски “приказни“.

balcanes

На веб страницата www.balcannes.com која претставува своевиден “балкански именик на маркетинг агенции“, што би рекол Давор Брукета (член на управниот одбор на ХЗРА), од Македонија, во моментов, е пријавена само Идеа Плус со нивната “Join IN“ спонзорирана кампања,  изработена за ОНЕ-телекомуникацискиот оператор.

Пријавувањето на кампањи се врши online по пат на видео презентација во трање до 3 минути која треба да ги прикаже креативните материјали, поставените цели, пазарниот контакст и постигнатите резултати. Секоја агенција може да пријави повеќе проекти.

Повеќе информации на следниов линк

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365