Home » Во фокусот » Белград домаќин на медиските експерти од Централна и Источна Европа

Белград домаќин на медиските експерти од Централна и Источна Европа

На 22 и 23 мај, медиумските експерти од Централна и Источна Европа на глобалната мрежа IPG Mediabrands, ќе се состанат во Белград. На конференцијата ќе присуствуваат лидерите на агенциите во рамките на IPG Mediabrands во Централна и Источна Европа, односно UM, Initiative, Fastbridge, Reprise и Cadreon. На конференцијата, учесниците ќе разменуваат искуства и најдобри практики со цел развој на работењето. Во оваа прилика ќе бидат презентирани најновите алатки, трендови, стратешки планови, едукативни програми, а ќе се разговара и за иднината на развојот на медиумите.

Чест ни е што Белград е избран да биде домаќин на IPG Mediabrands конференцијата за регионот на Централна и Источна Европа. Ова е прв пат ваква средба да се случува во нашиот регион и ни претставува големо задоволство што ќе бидеме домаќини и што ќе имаме можност да слушнеме предавања и презентации на некои од најдобрите медиски експерти. Убеден сум дека ова конференција ќе биде од значење не само за нас од IPG Mediabrands, туку и за целата наша професија”, вели Дарко Лукиќ, извршен директор на IPG Mediabrands за Југоисточна Европа.

На конференцијата предавања и презентации, меѓу другите, ќе одржат Howard Nead, првиот човек на Mediabrands ЕМЕА, Béla Németh, директор на IPG Mediabrands за Централна и Источна Европа, Jason Carter, директор за дигиталната мрежа Reprise за регионот ЕМЕА, Tamás Ács од Cadreon, како и Victor Croitoru задолжен за регионална стратегија и нови бизниси во рамките Mediabrands за регионот на Централна и Источна Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365