Home » Во фокусот » Бесплатна маркетинг лекција од Колгејт

Бесплатна маркетинг лекција од Колгејт

Изминатава година многу се зборуваше за кампањата која Y&R Бразил ја имаа за Колгејт. Да бидам искрен никогаш не застанав да ја разгледам “на купче“ и да видам што тука се крева голем buzz околу кампања за забен конец.

Пред неколку дена на еден регионален портал повторно беше спомената оваа кампања за Колгејт во некоја конотација…па си реков нема бегање :) мора да видам што толку одлично направиле тие.

И да…. се воодушевив ! Колгејт оддржале маркетинг предавање во три чекори ! Продолжете….

Ги побарав најпознатите принтови од оваа кампања и ги најдов овие:

Колгејт реклама 3

 

Колгејт реклама 2

 

Колгејт реклама 1

 

И сега можеби некој ќе се праша што е толку “јако“ тука ?

Јакото ќе го дознаеш во продолжение, сега само погледни ги уште еднаш сликите !

Многупати претходно сме споменале за емоциите во маркетингот, емоциите кои огласувачката порака ги комуницира со публиката. Е ова е Лекција бр.1.

Колгејт сакаат да промовираат производ “забен конец“. Прво што ни прават е тоа што не потсетуваат на ужасните ситуации кога после некој “престој“ во ресторан сме отишле на деловен состанок или вечерно излегување несвесни дека сме биле жртва на остатоци од храна. Само кога ќе се потсетиме на таква ситуација ни станува неугодно.

Тука Колгејт користи стандардна маркетинг шема потенцирање на проблем(потреба) >> решавање на проблем (потреба). Откако не потсетува на таква незгодна ситуација ни претставува производ кој тоа ќе го реши (забниот конец).

Емоциите помагаат рекламата подобро да се осети….а производот секако запамети :)

Меѓутоа она што доаѓа е уште поинтересно. Следува изненадување !

Ви реков да ги погледнете сликите? Погледнете ги уште еднаш, забележувате нешто чудно ?

Можеби на првата слика кај дечкото фали едно уво?

На втората слика, раката што прегрнува, од каде ли доаѓа?

На третата слика девојката како да има вишок прсти ?

Признајте си во себеси, ги забележавте овие недостатоци на сликата на прво гледање, или прво што заприметивте беше храната во забите?

Епа Колгејт ни го пренесе и тоа, што прво се забележува во ситуација кога имаме храна во забите.. и прави оваа реклама уште посилно за комуницира емоции со нас. Секако и да не насмее.

ВИРАЛНОСТ

Она што оваа реклама ја прави дополнително успешна е тоа што Колгејт во само три огласи предизвика емоции, изненадување и смеа кај сите нас. Искомуницира толку јако што ретко кој остана рамнодушен на извонредната креативност.

Уште поважно, оваа реклама заслужи да за неа пишуваме дури и тука во Македонија. Значи постигна виралност !

Заслужи и Вие да ја споделите на ФБ, Твитер, Linekdin и Google+ , нели ?

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365