Home » Во фокусот » Билборд кој препознава лица за да промовира пиво само на жени

Билборд кој препознава лица за да промовира пиво само на жени

Пивскиот бренд “Astra“ во соработка со агенцијата “Philipp und Keuntje“, од Хамбург, Германија, создадоа кампања со која сакаат исклучиво да ја таргетираат женската популација, која дотогаш не била вообичаен конзумент на овој пивски бренд.

Мажите секако се по-прочуени пиво-пијци, но од “Astra“ заклучиле дека и во женската популација има исклучително квалитетен пазар…само што треба да им се пристапи малце поинаку отколку вообичаените пивски реклами кои генерално се насочени кон мажите.

Поради тоа, тие го создадоа првиот билборд со технологија за препознавање на лица кој ќе промовира пиво само на жени !

Билбордот се обидува на повеќе начини да го привлече вниманието на жените кои ќе помнат покрај него и да ги анимира со повеќе видеа спремни за повеќе ситуации. Ако билбордот случајно воочи дека маж стои пред него (или во групата со жени), учтиво го замолува… “да си го продолжи патот“ :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365