Home » Во фокусот » Био Комерц со редизајн на целата производна линија

Био Комерц со редизајн на целата производна линија

Последниот проект на агенцијата Nova Solutions опфати целосен редизајн на амбалажите од производната линија на Био Комерц.

Се работи за интегрални производи кој што не содржат дополнителни адитиви и конзерванси и се направени според традиционална рецептура.

Освен високиот квалитет, секако друг исклучително важен фактор за производите е истите да бидат спакувани на начин за да го привлечат вниманието на купувачите. Високиот квалитет во комбинација со впечатлив дизајн на амбалажата е сигурен клуч за успех на секоја компанија.

Како инспирација за новиот дизајн на амбалажите е искористен класот на житото како главна состојка која ја има во сите производи на Био Комерц”- изјави Мартин Цветановски, графичкиот дизајнер на Nova Solutions.

bio komerc

Проектот опфати редизајн на амбалажа за 15 производи од производната линија на Био-Комерц: Интегрални десерти со вкус на брусница, аронија, капина, бадем и суво грозје, овошен шеќер, кафеав шекер. Покрај редизајн а амбалажата на слатката линија на производи се редизајнираше и амбалажа на солената линија на производи – просеници и интегрални лебови.

Nova Solutions е интернет маркетинг компанија која нуди решенија во поглед на брендирање, изработка на веб страни, зголемување на видливоста преку социјалните медиуми, графички дизајн и многу други кои би му биле добродојдени на секоја компанија која сака да биде успешна и да ја зголеми својата продажба

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365