Home » Extra 5 » Божиновски часовници и накит и Масимо Савиќ во Хераклеа – Битола

Божиновски часовници и накит и Масимо Савиќ во Хераклеа – Битола

Во недела на 15.07.2018г., во Антички театар “Хераклеа”, ни гостува еден од најмаркантните машки вокали, неповторливиот и единствен Масимо Савиќ. Се чини, нема подобро место на кое тој ќе биде како свој на своето, музичарот кој секогаш инсистира на артизмот во животот, рафиниран, одважен, силно индивидуален. Безвремен. Тој не е само музичар, тој е симбол на едно минато време, што иделано се вклопува во сегашноста, симбол на страст и трајност. Еднаш доживеан, засекогаш незборавен. Она што неговата музика го има е совршен склад на високосвесна иронија и потполно почитување на страстите кои високо целат, музика, некогаш болна и резигнирана, но неодолива, тврди гитарски ноти придружени со нежна ритам секција, по малку див саксофон и единствен вокал. Единство на фантастични крајности.

Пред него не се изгледа кежуал, ниту неговата музика се слуша и сака кежуал, зашто пред џентлменот на сцената секоја емоција има високи цели. Над се и над сите лебди неговиот глас. Разбрануван како море, таинствен како увала. Тој глас го соопштува емотивниот став повеќе од цврстото убедување. Тој глас не трпи поговор, но полн е со нежност, приземен и возвишен. Тој ја препознава темата и жената во неа. А песната ни прикажува слики на љубов, убава и болна, до нешто над болката. Ако има нешто зад неа.

#ZivejGoMomentot со Масимо Савиќ и Божиновски часовници и накит

Од ретките луѓе можеме да научиме како да го живееме совршенот момент и како да го споделуваме. Таков е Масимо Савиќ, кој ни го нуди беспоштедно. Можеби најубавата песна се уште не сме ја слушнале. Можеби не’ чека во  оваа неделна вечер. Еднаш доживеана, засекогаш незаборавна. Од него, за нас.

Желбата за збогатување на културниот живот во Битола ја носиме сите, затоа во еден единствен момент ви го подаруваме уникатниот Масимо Савиќ. Моментот едноставно се живее! Да го живееме сега со албумот на Масимо, сугестивно и пророчки наречен “Сега”.

“Божиновски часовници и накит”и “Авалон” ве повикуваат да го направиме сегашниов момент – вечен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365