Home » Креативен импулс » Bring down the King

Bring down the King

Game of Thrones. Можеби прашањето не е дали ја имате гледано оваа серија туку до која епизода/сезона сте стигнати.

Game of thrones

Оние што ги прочитале книгите или ја гледале оваа серија, знаат за Кралот Џефри или во превод – најозлогласениот карактер во истата, оној кој што сите би сакале да го убијат.

Бидете среќни. Го можете тоа, до некаде. Само треба да твитнете.

Во Нов Зеланд, најновата сезона од серијалот што има светска слава стартува денеска на 07.04.2014 и по тој повод организирале една интересна кампања наречена Bring down the King, и сите оние кои што сакаат да го “турнат” Џефри (или де факто неговата статуа поставена во Оукленд, Нов Зеланд – висока 7 метри) треба само да го посетат сајтот и твитнат со хаштагот #bringdowntheking.

1-joffrey_department_landscape

Јажето поставено околу вратот на Кралот Џефри се затегнува со секој пристигнат твит. Следете го прогресот на веб страната.

Интересна идеја која што вклучува маркетинг и вклучување на обожавателите на неколку нивоа, секако, во преден план Twitter. Македонијо, ти си следна да се разбудиш креативно и да направиш некоја интересна кампања.

статуа

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365