Home » Во фокусот » Британската армија со новите плакати ги врбува милениумците и љубителите на селфи

Британската армија со новите плакати ги врбува милениумците и љубителите на селфи

Британската армија ја објави својата најнова кампања за регрутирање на нови војници во своите редови на плакати кои ги таргетираат милениумците и љубителите на селфи

Новиот дизајн на постерите, кои наскоро ќе се појават во Велика Британија, ја таргетира младата генерација и кршењето на стереотипите и го нагласува потенцијалот на денешните одлики на младите, како што се самодоверба, фокусираност и енергија.

Постерите се дел од воената кампања наречена “This is belonging“, која вклучува телевизиски реклами со млади луѓе кои сметаат дека не се доволно ценети на работни места на кои работат.

Дизајнот потсетува на познатиот плакат од Првата светска војна, на кој е прикажан поранешниот британски воен министер Хорејшио Херберт Киченер, но Алекс Валтон, кустос во Кралскиот воен музеј, вели дека постерот никогаш официјално не се користел за регрутирање.

Постер со Херберт Киченер прв пат се појави на 5 септември 1914 година како дел од насловната страница на списанието “London Opinion“. Списанието подоцна испечати свои плакати. Иако се направени само 10.000 примероци, плакатот служел како инспирација за многу други промотивни материјали.

“Она што е интересно за оваа најновата кампања е дека ги користи современите трендови, но и на стилот на плакатите од Првата светска војна”, вели Валтон.

Сепак, како што е наведено, темите и пораките на овие модерни кампањи се различни од оние од минатото. Додека изворниот имиџ на министерот Киченер, заедно со другите плакати од тој период, апелира на чувство на должност и обврска, денес, фокусот е на можноста за личен развој.

Во кампањите за регрутација од Првата и Втората светска војна често се потенцирала маженственоста и улогата на заштитник на семејството им била доделена на мажите, но и на државата. Меѓутоа, работите денес се различни. На два од шест плакати кои ќе бидат поставени во рамки на најновата кампања за регрутирање на младите луѓе, се прикажани жени во униформа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365