Home » Во фокусот » Британскиот парламент како зоолошка градина во новата кампања на The Times

Британскиот парламент како зоолошка градина во новата кампања на The Times

Британската политика за време на преговорите за излез на земјата од Европската Унија, со сите меѓупартиски и внатрепартиски превирања, изгледа како зоолошка градина полна со диви животни во новата кампања на весниците The Times и Sunday Times.

Телевизискиот спот на кампањата прикажува како мајмуни, овци, глувци, змии, хиени и камелеони седат на познатите зелени седишта во британскиот парламент, додека во позадина оди песната „Talk to the Animals“. Неразбирливата бучава која ја предизвикуваат животните симболично ја прикажауваат неразбирливоста на преговорите за Брегзит за мнозиството од граѓаните. Само лавот и еднорогот, кои се дел од логото на весникот, носат ред во парламентот.

Рекламата е дело нa агенцијата Pulse Creative, додека пак режијата е на Вилијам Бартлет од продукцијата Framestore.

Кампањата ќе биде проследена и со принт, дигитал и out-of-home активности, а минатата недела спотот беше видео-проектиран токму врз зградата на парламентот. Официјален хаштаг на кампањата е #PoliticsTamed („Политиката скротена“).

Генералниот маркетинг директор на The Times, Кетрин Њуман, истакана дека: „Во моментот постојат премногу информации од различни извори и навистина е тешко да се извлече разумен заклучок за нив. Нашата кампања има за цел да ги потсети луѓето дека работата на The Times е токму да ја најде смислата во политиката дури од 1785 година. Нашите весници ги нудат вистинските анализи кои нив им се потребни.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365