Home » Во фокусот » Брукета & Жиниќ & Греј и Адико банка во финале на Euro Effie

Брукета & Жиниќ & Греј и Адико банка во финале на Euro Effie

Иванка Мабиќ Гагиќ, директор за меѓународно работење на агенцијата Брукета & Жиниќ & Греј, вели дека во овој случај се работи за единствена кампања во финансискиот сектор во Европа која успеа да влезе во финалето

Брукета & Жиниќ & Греј и Адико банка со нивната кампања за Пакети за тековните сметки се единствените, не само од Хрватска, туку и од целиот регион, кои оваа година се пласираа во финалето на реномираното натпреварување Euro Effie, кое ги наградува најефикасните меѓународни комуникациски и рекламни кампањи во Европа, а во организација на Европска асоцијација на комуникациски агенции (EACA)

“Самиот влез во финалето на Euro Effie  е исклучително достигнување, особено кога ќе се земе во предвид што конкуренцијата ја сочинуваат сите организации и сите креативни агенции во Европа, со буџети и ресурси за кои ние може само да сонуваме. Сепак, со добра комуникациска стратегија, квалитетни оригинални креативни решенија и посветен тим, ништо не е невозможно. Почитувајќи ги другите финалисти, затоа што сигурно никој во финалето не се најде незаслужено, се надевам дека нема да застанеме само на финалето“ – изјави Маја Чулиг, маркетинг директор за Адико група.

Иванка Мабиќ Гагиќ, директор за меѓународно работење на Брукета & Жиниќ & Греј, вели дека во овој случај се работи за единствена кампања во финансискиот сектор во Европа која успеа да влезе во финалето. “Адико од самото лансирање на новиот бренд постигна одлични резултати на пазарот, а сето тоа не би било без добар и динамичен тим кој се состои од претставници на огласувачи и агенции“ – истакна таа.

Агенцијата Брукета & Жиниќ & Греј неодамна ја освои јавноста и со својата креативност со “фудбалската“ кампања во соработка со хрватскиот бренд Франк. По повод на полуфиналниот натпревар помеѓу Хрватска и Англија на светското фудбалско првенство, најпознатиот хрватски производител на чај Франк, му испрати на британскиот принц Хари пакет од своите чаеви од камилица, со порака дека хрватските репрезентативци одамна покажаа дека и Хрватска е голема сила на фудбалската карта на светот, а тие со својот чај одлучиле да му го олеснат на Принцот гледањето на натпреварите.

На пакувањето стоеше пораката “Keep calm and dream on“, што значи “Остани смирен и продолжи да сонуваш”, алудирајќи на историски мотивацски пораки на британската влада, а внатре во пакетот со чај се наоѓало и писмо во кое се извинуваат од компанијата Франк што не испратиле подарок за венчавката, па со овој чин сакаат да го надоместат тоа на некој начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365