РЕГИОН- Во контекст на неодамна постигнатиот договор со најголемата светска маркетинг групација WPP, а веднаш пред неговата имплементација која се очекува за јули оваа година, агенцијата Bruketa&Žinić OM излегува од ко-сопствеништвото во агенциите во Белград, Баку и во агенцијата Brokuli&Ž.
Белградската агенција Popular беше дел од Bruketa&Žinić OM од 2012 година, исто како и Brokula&Z, додека во Азербејџан Bruketa&Žinić OM беа присутни од 2009 година. Својот удел го продадоа на своите досегашни партнери, агенцијата Popular во Балград, агенцијата Artgroup во Баку и на компанијата Lacun во случајот со Brokula&Z.
“Договорот со WPP и Grey го промени концептот според кој пристапуваме кон странските пазари, посебно поради големата мрежа на Grey групацијата во преку 130 земји. Со досегашните партнери и понатаму ќе соработуваме на поединечни проекти“ – изјави Давор Брукета по повод оваа новост од компанијата.