Home » Digital » Брзите сајтови ќе имаат приоритет во резултатите на Google Search на мобилните уреди

Брзите сајтови ќе имаат приоритет во резултатите на Google Search на мобилните уреди

Google официјално објави дека брзината на вчитување на страниците и перформансите на сајтовите ќе започне да ги користи како параметри и дополнителни фактори за одредување на приоритетноста на прикажување на резултатите од пребарувањето на мобилни уреди.

Новата политика носи назив “Speed Update” и мобилнате пребарувања се ставаат во иста рамнина со десктоп пребарувањата, каде функцијата е веќе достапна. Како резултат на промената, поспорите веб-страници би можеле да ги видат своите линкови кон страниците на дното од страницата за пребарување, почнувајќи од јули оваа година. Сепак, поспорите страници и понатаму би можеле да се рангираат високо, доколку нудат одлични и релевантни содржини.

Истовремено, Google ги охрабрува креаторите на содржини да вложат повеќе напори како би се оптимизирала ефикасноста на нивните веб-страници, укажувајќи на Lighthouse, Chrome User Experience Report и PageSpeed Insights како корисни алатки во овој процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365