battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Budweiser пример за топ реклами !

Budweiser пример за топ реклами !

Американската публика е секогаш длабоко возбудена и презадоволна од рекламите на Budweiser за кои неретко се вели дека досега ги прават “најдобрите пивски реклами“, а и со новите кои скоро ги промовираа, се чини, дека и  најдобри ќе останат.  Што направи Budweiser скоро за да биде на врвот?

 Рекламите со познатата раса на коњи Clydesdales станаа едни од најсаканите реклами во Америка и многу други делови од светот. Тие се наречени Signature Stories. Рекламите со оваа раса на коњи зе забавни но се во исто време многу значајни од маркетинг аспект бидејќи будат длабоки емоции кај потрошувачите. Тие го претставуваат најдоброто од луѓето, најдоброто од коњите и кучињата.

 Подолу одиме со реклмата Puppy Love па потоа со дообјаснување:

Емоционалната врска што се развива помеѓу кучето и коњот ја симбилизира врската што треба да се равие помеѓу брендот и потрошувачот. Таа врска треба да биде нераскинлива и потрошувачот треба да остане верен кон еден бренд.

Одиме подолу со уште едно видео кое што е доста возбудливо :

Зошто користење на расата коњи Clydesdales во рекламите на Budweiser ?

Со појавата на високата конкуренција, треба да измисли приказна но и да се најде точка на диференцијација (point of difference) со која ќе се одвоиме од конкуренцијата и ќе понудиме Unique Selling Proposition (USP) . Доколку немаме приказна тогаш ја измислуваме.  Таа приказна всушност претставува изразување на бренд идентитет (brand identity).

Другата работа е што маркетингот се врти кон ‘’fullfiling emotional needs’’. Помина времето кога компаниите коминицираа со атрибути од производот. Без емоции нема ништо денес. Затоа се повеќе се користи терминот  ‘’ fullfiling emotional needs .’’

Расата на коњи Clydesdales била дел од наследтсвото на фамилијата Anheuser-Busch. Тоа е фамилијата во чија сопственост била компанијата Budweiser.  Оваа раса на коњи била одгледувана во Шкотска и е најдоброто од коњите. Затоа Budweiser се смета за најдоброто од пивото.  Затоа рекламите на Budweiser се чист пример како да се изрази бренд идентитetот (традиција, квалитет) со будење на емоциите кај потрошувачите.

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365