Home » Extra 5 » Burger King демонстрираше колку е апсурдно жените да плаќаат поскапо од мажите за ист производ

Burger King демонстрираше колку е апсурдно жените да плаќаат поскапо од мажите за ист производ

Burger King сака да ги збуни своите клиенти за да докаже некоја поента – и притоа да го направи тоа на забавен и информативен начин. Овој пат, брендот за брза храна, преку социјален експеримент изведен во еден од нивните ресторани во САД, си постави за цел да покаже колку е апсурден т.н. „розев данок.”

„Розевиот данок“ е назив за појавата кога „женската“ верзија за еден ист производ е поскапа од „машаката“ верзија (како на пример женски и машки бричеви). Според истражувањата, оваа појава е застапена во 42% од случаите кога еден производ има „женска“ и „машка“ верзија.

Социјалниот експеримент што го изведе Burger King се состоеше во тоа што на женските клиенти им наплаќаше поскапо за исти, стандардни пилешки прсти само поради тоа што пакувањето во кое им ги нудеше беше розево. После реакциите и негодувањата на клиентките, вработените им ја откриваа поентата.

Дел од реакциите беа снимени и потоа објавени како едноминутен рекламен спот, дело на агенцијата David од Мајами.

„Во рестораните на Burger Kind се добредојдени сите, a на „розевиот данок“ гледаме како нешто што не е фер. Го создадовме овој експеримент со нашите омилени пилешки прсти за да го демонстрираме ефектот кој го има „розевиот данок“ и да покажеме дека сите треба да плаќаат исто за исти производи – без разлика дали тие се розеви или не,“ изјави Кристофер Финазо, претседател на Burger King North America, во соопштение од брендот по повод експериментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365