Со акцијата „Ден без Whopper“, Burger King го остави ривалството на страна и му се придружи на McDonald’s во хуманитарната акција за децата болни од рак
10 ноември е “McHappy Day“ во Аргентина и сите приходи кои McDonald’s ги заработува на тој ден од продажбата на своите најпознати бургери ги донира за помош на децата болни од рак. Оваа година, Burger King одлучи да се вклучи во оваа акција за пофалба, на еден навистина интересен начин.
Тој ден, Burger King го остави ривалството на страна и одлучи да не ги продава своите најпознати бургери, Whopper. Одлуката важела во сите 107 ресторани на Burger King во Аргентина, а идејата била да се мотивираат луѓето да го купуваат најпознатиот бургер кај нивната конкуренција, со цел што повеќе деца да добијат помош. Кој и да отидел во било кој ресторан на Burger King и да нарачал Whopper на овај ден, љубезно е замолен да оди во најблиската продавница на McDonald’s. Дури и маскотата на Burger King, се вклучи во акцијата.
Lucina Cabrejas, маркетинг директор на Burger King Аргентина, изјави: “Беше неверојатно да се види изненадувањето на гостите. Но, истовремено тие сериозно го поздравија повикот и тоа искуство. Некои отидоа кај конкуренцијата, на тој начин вклучувајќи се во акцијата, а остатнатите нарачуваа други производи. Но, на крајот, пораката допре до сите.“