Home » Во фокусот » Campaign ја прогласи McCann Worldgroup Europe за агенциска мрежа за 2019 година

Campaign ја прогласи McCann Worldgroup Europe за агенциска мрежа за 2019 година

McCann Worldgroup Europe е прогласена за агенциска мрежа на годината за регионот ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) од страна на реномираниот адвертајзинг магазин Campaign. Ова е прва година во која магазинот воспостави категорија ЕМЕА, а McCann покажа силен регионален раст, стекна голем број на нови деловни партнери во регионот, но исто така, развиваше и истражувања за однесувањето на потрошувачите и освои голем број награди. Агенциите во рамките на I&F Group придонесоа за овој успех со наградите освоени на фестивалите Effie, Eurobest и Golden Drum. Жирито беше составено од бројни маркетинг експерти од светските водечки брендови и уредничкиот тим на магазинот Campaign.

“Сакам да им се заблагодарам на нашите клиенти во регионот ЕМЕА за нивната подготвеност да ги поместуваат маркетинг границите со цел подобрување на нивото работење, како и да им честитам на нашите стратешки и креативни лидери за пронаоѓањето ефикасни креативни решенија кои ја унапредуваат репутацијата и продажба на нашите клиенти, како и на нашите бизнис лидери на нивниот континуиран фокус и поттик”, изјави Харис Дајмонд, претседател и извршен директор на McCann Worldgroup.

Срѓан Шапер, основач на I&F Group, додаде: “Ова е големо признание за сите оние кои секојдневно работат во агенциите McCann низ регионот ЕМЕА. Моќта на луѓето во комбинација со креативноста, знаењето и страста е она што создава незаборавни и ефективни кампањи “.

“Клучот за нашиот успех се нашите луѓе. Имаме фантастичен микс на таленти кои обезбедуваат неспоредливо лидерство и признанија и за нашата агенција и за нашите клиенти во областа на креативноста и ефикасноста – клучните фактори кои придонесуваат за ова рангирање. Особено сум горд на фокусот, разновидноста и конзистентноста – резултати на огромен и континуиран напор во нашиот тим кој брои 3000 луѓе”, изјави Пабло Вокер, претседател на McCann Worldgroup Europe.

“Ова е голем успех и за нашите агенции кои придонесоа за признанието со освојување на награди на фестивалите Effie, Eurobest и Golden Drum. Ова е уште еден показател на зедништвото на мрежата на агенциите и страста на тимовите кои работат со клиентите во креирањето на комуникации кои се и креативни и ефективни “, изјави Владимир Димовски, директор на McCann Adriatic.

Во своето прво рангирање на агенциите во овој регион, жирито сметаше дека McCann Worldgroup Europe ја има својата најуспешна година. Агенциите кои се дел од I&F Група силно придонесоа за ова признание со релевантни адвертајзинг награди и признанија, особено со оглед на тоа што овие агенции сочинуваат една четвртина од вкупниот број на McCann агенции кои се рангирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365