Home » Во фокусот » Cannes Lions 2018: Доделени наградите во уште 7 категории

Cannes Lions 2018: Доделени наградите во уште 7 категории

Познати се добитниците на Канските лавови и во категориите Industry Craft, Digital Craft, Film Craft, Brand Experience & Activation, Creative eCommerce, Entertainment и во категоријата Entertainment Lions for Music

Во категоријата Industry Craft, Гранд при освои Ogilvy Чикаго за проектот First Steps за клиентот SC Jonson.

Агенцијата Isobar Њујорк освои Гранд при во категоријата Digital Craft за видеото Aeronaut VR кое го реализираше за музичарот Били Корган.

Во категоријата Film Craft, Гранд при освои продукциската куќа Blur Films Мадрид за проектот Hope кој е реализиран за хуманитарната организација Меѓународниот комитет на црвениот крст.

Гранд при во категоријата Brand Experience & Activation освои креативното одделение на компанијата Apple за проектот Today@Apple.

Агенцијата McCann Лондон освои Гранд при во категоријата Creative eCommerce за проектот Xbox Design Lab Originals: The Fanchise Model кој е реализиран за Microsoft.

Во категоријата Entertainment, Гранд при освои агенцијата N=5 Амстердам за кампањата Evert_45, за телекомуникациската компанија KPN.

Гранд при во рамките на категоријата Entertainment Lions for Music освоија продукциската куќа Smuggler Њујорк за видеото на Jay-Z „Smile“ како и TBWA\Media Arts Lab Лос Анџелес за проектот на Apple, Welcome Home.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365