Home » Во фокусот » Cannes Lions ја започнува платформата The Work!

Cannes Lions ја започнува платформата The Work!

Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions го објави лансирањето на платформата The Work, нов дигитален ресурс кој има за цел на глобалната креативна комуникациска индустрија да и` обезбеди интелигентно решение потребно за подобро работење.

The Work е уникатна дигитална платформа која нуди интуитивни начини за пребарување на повеќе од 200.000 глобални креативни проекти и попис за репродукција на кампањи од индивидуални брендови и агенции. Оваа база на податоци е организирана на начин да им овозможи на компаниите да пристапат до признати кампањи од индустријата, а истите може да се пребаруваат преку бренд, агенција, географска локација или поединец.

За секоја од овие кампањи постојат податоци, контекст и увиди, правејќи ја The Work непроценлива платформа која ќе им овозможи на креативците да работат подобро преку соработка, истражување и клучно, способност за увид во брифот. Платформата дигитализира бројни креативни дела признати од фестивалот Cannes Lions, трансформирајќи ја креативната историја во моќна алатка за информирање за идните одлуки.

Платформата The Work ќе биде официјално претставена на овогодинешниот меѓународен фестивал на креативноста во Кан. Создадена врз основа на кориснички согледувања, нејзината цел е да им обезбеди на корисниците место каде што ќе можат да ги прегледаат креативните кампањи и да бидат информирани за идните деловни резултати.

Со цел да се зголеми дигиталната изложеност на делата надвор од фестивалот, секој кој учествува или влегува во Cannes Lions 2018, ќе добие бесплатен пристап до оваа платформа за време на фестивалот и еден месец подоцна. Специјално дизајнираната верзија исто така, ќе биде достапна како бесплатна пробна верзија за поширока креативна заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365