battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Cannes Lions со две нови награди: Медиа мрежа & Регионална мрежа на годината

Cannes Lions со две нови награди: Медиа мрежа & Регионална мрежа на годината

Нaјпрестижниот интернационален фестивал на креативноста, Cannes Lions, најави промени на дел од Специјалните награди (Special Awards) кои се доделуваат на основ најмногу поени собрани од проектите кои добиле награда или се нашле во финале (shortlist) на фестивалот.

Cannes-Lions-logo-2014

Наградата “The Media Agency of the Year” ќе биде заменета со “Media Network of the Year“ и ќе биде доделена на медиа мрежата која ќе постигне најдобар резултат за проектите во Media Lions секцијата.

Втората новина е воведувањето на награда за најдобрата регионална мрежа на годината – “Regional Network of the Year” која ќе биде доделена за време на финалната церемонија на 21 Јуни 2014 год., како признание за најдобрите во EMEA, Asia-Pacific, North America и LatAm.

Cannes Lions фестивалот, овогодишното 61-во издание по ред, ќе го има во периодот од 15-ти до 21-ви Јуни во Кан, Франција.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365