battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Cannes Lions со ново натпреварување за млади ПР професионалци

Cannes Lions со ново натпреварување за млади ПР професионалци

Најпрестижниот интернационален фестивал на креативноста  “Cannes Lions“  воведува можност за тестирање и натпревар на младите ПР професионалци ширум светот со воведување на ново натпреварување за наредното издание на фестивалот наменете токму за нив, насловена како Young Lions PR.

young lions

Новото натпреварување е поддржано од Интернационалната Комуникациска Организација (ICCO) која е присутна во 29 земји, претставувајќи над 1700 ПР консултанти низ светот.

Локалните претставници на Cannes Lions ќе направат пре-селекција на пријавените за учество, формирајќи два тима на ПР професионалци кои ќе учествуваат во натпреварувањето.

Учесниците кои сакаат да се пријават треба да бидат помлади од 28 години и треба да работат како  Assistant Account Executives, Account Executives, Senior Account Executives или Account Managers во ПР агенции или ПР консултантски фирми.

За повеќе информации посетете го вебсајтот на Cannes Lions 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365