battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Царството LinkedIn

Царството LinkedIn

LinkedIn, најголемата бизнис социјална мрежа на светот, полека го засилува својот бренд со една (релативно) нова алатка – портал за вести и портал за колумни на влијателни бизнисмени (Influencer програмата).

linkedin-influencers

На пример, во споредба со Wall Street Journal, LinkedIn има 230 милиони регистрирани корисници (наспроти 50 пати помалиот број на WSJ), 10 милијарди месечни погледнувања на страни наспроти 133 милиони и 166 милиони unique (како ќе му дојде на македонски – уникатни/само еднаш/за прв пат) посетители месечно наспроти 13 милиони за WSJ.

Со вакви бројки и имајќи ја во предвид природата на LinkedIn каде што обликувањето на она што се гледа како маркетинг линк/реклама е најлесно бидејќи најубаво сте се опишале таму што работите и кои се Вашите интереси, го прават сајтот одлично место за појава на портал за вести и колумни (и тоа на највлијателните бизнисмени).

Тука, Ричард Бренсон, на 22 јули објави пост во Influencer делот и доби 8000 споделувања, 1000 коментари и 140000 погледнувања на неговата колумна. И сето тоа се случуваше во рамките на мрежата.

Дали LinkedIn станува најголемиот противник на Facebook кога станува збор за рекламирањето, останува да видиме. Нема да чекаме долго.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365