Home » Extra 5 » Четири лекции од Алберт Ајнштајн како да бидете попродуктивни

Четири лекции од Алберт Ајнштајн како да бидете попродуктивни

Алберт Ајнштајн знаел како да работи напорно, но и кога треба да се одмори. Тој еднаш рекол: “Немам никакви посебни таленти, само сум страствено љубопитен.” Љубопитноста го натера Ајнштајн како дете, возрасен и постар човек, да се занимава со научни идеи и проекти, кои се применливи и денес, како што неговата теорија на релативноста. Неговиот живот и пристап кон работа нудат многу лекции доколку сакате да станете попродуктивни.

Работете како шеф

Имајте на ум дека, покрај осум работни часа, секој има и осум часа слободно време, а тука е и неделата“, рекол Ајнштајн. Алберт Ајнштајн со години работел десет часа дневно, шест денови во неделата. Покажал огромна способност да се фокусира на работата во подолг временски период, како и на интензивно размислување. Пред да стане познат професор, работел во швајцарската канцеларија за патенти во Берн. Тој обично ја завршувал својата работа за само четири часа, а потоа работел на неговите научни трудови.

Денес типичниот работен ден трае околу осум часа, пет дена во неделата, а повеќето луѓе можат да земат слободен викенд. Во секој случај, обидете се како Ајнштајн да го користите слободното време, кога ќе извлечете максимална вредност од вашиот работен ден. Може да имате други обврски како што се семејството, пријателите или некое хоби, но може да има нешто што може да престанете да го работите или да направите нешто помалку. Ако тоа ви помогне, размислете за тоа како го поминувате секој работен ден во неделата користејќи табела. Следењето на самиот себе ќе ви помогне да видите каде навистина го трошите вашето време.

Уживајте на сонцето како крокодил

Без телефон, без обврски, апсолутен мир … лежам на брегот како крокодил, дозволувајќи да ме пече сонцето, не читам весници и не размислувам за таканаречениот свет“, знаел да каже Ајнштајн. Одлична идеја на овој научник и познат професор за исклучување од светот и очекувањата на луѓето. Ајнштајн знаел како да работи напорно, но знаел и како и кога да одвои време да ги наполни батериите. Гледате, не е одмор ако попладнето го поминете на сонце правејќи ги клучните извештаи или прегледуваќи ги вашите мејлови. Наместо тоа, затворете и делегирајте што е можно повеќе активности пред да одите на одмор.

Не чекајте инспирацијата да ве погоди

Новата идеја доаѓа одеднаш и на прилично интуитивен начин … но интуицијата не е ништо друго туку резултат на претходно интелектуално искуство“, експлицитен е Ајнштајн. Ајнштајн бил познат по размислувањата за експериментите во кои тој си замислувал дека се вози по светлосен зрак и во лифт што паѓа од универзумот. Со други зборови, Ајнштајн не чекал неговата теорија на релативноста да падне од небото. Наместо тоа, додека постојано ја развивал навиката за континуитет на својата работа, тој можел да ја препознае вредноста на новите идеи кога тие би се појавиле од позадината на неговиот ум. Размислете за писателот кој има одлична идеја за приказна додека се тушира или менаџерот, кој сфаќа како да постапи по жалбата на клиентот додека е во градината. Праксата ја отвора вашата потсвест за она што е можно.

Не бегајте од проблемот

Чувањето на нештата што не прават депресивни или лути не помага во нивното надминување. Мора да ги уништите сами“, рекол Ајнштајн. Ајнштајн покажал способност за стоицизам. Наместо да се потпира на неуспесите во неговиот живот, како што се брачните проблеми и кариерата, за која му требале години, ги искористил овие пречки како мотивација да истрае на своите научни идеи.

Ајнштајн не бил совршен. Имал брачни проблеми и лош однос со едно од неговите деца. Исто така поминал голем дел од неговиот подоцнежен живот, истражувајќи ги научни теории кои не успеале. Овие пропусти го направија повеќе обичен човек. Сепак, кога копате малку подлабоко во работата на Ајнштајн, можете да извлечете лекции што ќе ви помогнат да постигнете нешто повеќе и побрзо – а не мора да бидете генијалец за да го направите тоа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365