Додека ја градите својата кариера, не заборавајте да потрошите некое време размислувајќи за Вашиот личен бренд. Треба да се запрашате: Што сакам да кажам? Кој е најдобриот начин да се претставам на светот? Некои луѓе успеваат успешно да отворат свој бизнис, додека други не успеваат. Како? Инстаграм не е никаков магичен напиток кој ќе Ви овозможи да се остварите во својата кариера и да започнете Ваш бизнис, но тоа е моќна алатка за развивање на бизнис.
Чекор 1: Претворете го Вашето зошто во следбеници
Ако немате ваше зошто, време е длабоко да размислите. Вашиот профил на Инстаграм треба да ја одразува основата на вашиот бренд. Размислете на овој начин: ако не знаете зошто градите бизнис, нема да знаат ниту вашите клиенти, т.е. зошто тие би требало да го поминат своето време со вас и вашиот бизнис?
Ако не знаете зошто постирате на Инстаграм, ниту вашите следбеници нема да знаат зошто би требало да ве следат. Размислете како би изгледал вашиот личен бренд. Кои пет зборови ви паѓаат на памет? Дали постои некоја универзална тема? Дали вашата цел е да им помогнете на другите? Дали пренесувате некоја посебна порака?
Вашите следбеници – а подоцна и вашите клиенти – ќе бидат луѓе кои ќе ги поставуваат истите прашања, ќе имаат слични проблеми и ќе бидат принудени да продолжат да ве посетуваат за да ги најдат одговорите.
Чекор 2: Преобликувајте ја вашата порака
Кога ќе започнете сопствен бизнис, треба да го редефинирате вашиот глас за овој нов потфат. Пораката која што сакавте да ја пренсете нема да се промени, но потребно е да го научите јазикот на новиот бизнис во кој се впуштате. Исто така, треба да се опкружувате со луѓе кои ве разбираат вас и вашата визија. Ако сте претприемач, кои се вашите клиенти? Ако сте влијателна личност, кои се вашите обожаватели? Што би можеле тие да помислат кога би го погледнале вашиот профил на Инстаграм?
Дали јасно ја пренесувате вашата порака? Во овој случај, вашата “порака” се пренесува преку слики, видеа или постови. Овие три начини се користат заедно за да се дефинира вашиот бренд. Држете се до својата порака и останете јасни и гласни. Што и да правите, не се обидувајте да бидете некој друг. Иако е тешко да се пренесе пораката, луѓето ќе знаат кога не сте искрени во вашите деловни намери.
Чекор 3: Користете хаштагови, но како што треба
Имате причини. Имате порака. Сеуште немате доволно следбеници? Време е да разберте како да се користат хаштаговите. Ова е еден вид привилегија и не претерувајте. Не треба да имате 500 хаштагови на еден пост. Потребно е да ги имате клучните хаштагови кои се користат во вашата индустрија.
За почеток, погледнете ги сличните профили и кликнете на хаштагот кој ви е потребен. Дали почнавте да го зборувате овој јазик? Ако вашата цел е да станете на пример, фитнес гуру, мора да научите да зборувате со јазикот на фитнес светот.
Чекор 4: Реагирајте. Промовирајте. Постирајте.
Четвртиот чекор всушност претставува три мини-чекори и сите три се поврзани. Додека ја гледате вашата бесконечна листа на задачи што треба да се извршат, може да ви биде тешко да одвоите време за вашиот профил на Инстаграм. Но, времето кое го поминувате со коментирање на постови, особено оние поврзани со работата со која се занимавате, е исто толку важно, колку и градењето на вашиот бренд. Комуницирајте со клучните луѓе во вашата индустрија, коментирајте, лајкувајте и испраќајте пораки.
Кога станува збор за пораките, размислете за начините на кои можете да ја пренесете вашата порака. Дали веќе имате активна Фејсбук заедница? Блог? Не плашете се директно да го промовирате вашиот Инстаграм профил на другите платформи. Не сакате да ги презаситите луѓето кои ве следат, но исто така треба да ги информирате дека вашиот бренд постои. Постирајте често, три до четири пати неделно, ако можете. На овој начин вие не само што ќе бидете интересни за вашите фанови, туку на овој начин ќе го обликувате вашето зошто, вашата порака и конечно вашиот бренд.
Вашиот личен бренд не е нешто неавтентично и пресилено. Вашиот бренд ве претставува Вас и тоа е вашата визија и вашиот глас.