Home » Во фокусот » Chapter 4 ќе соработува со високата школа Edward Bernays

Chapter 4 ќе соработува со високата школа Edward Bernays

Борис Бекер, управителот и еден од сопствениците на меѓународната агенција за односи со јавнста Chapter 4 и Дамир Југо, деканот на високата школа за комуникациски менаџмент од Хрватска – “Едвард Бернајс“ , потпишаа договор за партнерска соработка кој на студентите на школата ќе им овозможи оддржување на студентска пракса во некоја од 17-те земји од централна и источна Европа, меѓу кои и во Македонија каде Chapter 4 се присутни.

Едвард Бернајс и Чаптер 4 - Маркетинг365

На овој начин студентите ќе добијат можност своето теоретско знаење да го збогатат со практично искуство во некоја од странските агенции за Односи со јавност и да се запознаат со различниот поглед на ПР професијата и различните техники и слатки со кои се служат стручњаците од многу делови на Европа.

Освем студентите кои со задоволство ја поздравија оваа иницијатива на школата Бернајс да ја шири мрежата на своите партнери и надвор од границите на Хрватска, дека задоволството е обострано, кажа и Борис Бекер, кој во име на агенцијата Chapter 4 истакна дека со ваквите и слични соработки наголемо се придонесува во развојот на професијата во целиот регион.

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365