Home » Digital » ЦИА официјално отвори профил на Инстаграм со мистериозна фотографија

ЦИА официјално отвори профил на Инстаграм со мистериозна фотографија

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) “се разоткри” со својата прва фотографија на Инстаграм, задавајќи им интригантна задача за потенцијалните тајни агенти.

Позната по својата тајност, дискреција и шпионска тактика, американската разузнавачка агенција го покажа своето чувство на иронија со влегување на платформата Инстаграм. “Ние сме првата линија на одбрана во нашата земја. Го постигнуваме она што другите не го можат, пристигнуваме онаму каде што другите не можат да стигнат”, се вели во основните податоци за профилот, покажувајќи сериозност која обично се поврзува со организацијата.

Сепак, првата објава на ЦИА има малку полежерен тон. Се работи за фотографија од работна маса на која се расфрлани разни предмети, почнувајќи од кадрава седа перика до неколку банкноти од различно потекло. Фотографијата е направена во познатото седиште на ЦИА во Ленгли, Вирџинија, а во описот на самата фотографија, мистериозно е напишано: “Шпионирам со моето мало око …”

Се чини дека е предизвик да се идентификуваат предметите на фотографијата, а портпаролот на ЦИА за CBS News изјави дека многу од нив припаѓаат на моментално вработените агенти.

Што порачува ЦИА со овие десет предмети?

БиБиСи даде свое толкување на првата објава на Инстаграм на ЦИА:

  1. Растение – би требало да асоцира на постоењето на многубројните разузнавачки пунктови на ЦИА во странство.
  2. Часовник– стрелките на часовникот се поставени на 8.46 часот, време кога авион удри Северната кула на Светскиот трговски центар за време на терористичките напади на 11 септември 2001 година.
  3. Мапа на Кина – означува дека Кина е еден од главните американски ривали.
  4. Златнен був – ја претставува Атина, грчката божица на мудроста. Му припаѓа на главниот оперативен директор на ЦИА, Енди Маркидс.
  5. Амајлијата „турско око“– би требало да ги претставува опасностите со кои се соочуваат агентите на Циа.
  6. Сликата на која е прикажан Тони Мендез, офицер на ЦИА, кој се претставувал како филмски работник и успеал да спаси шест американски заложници во Иран во 1980 година.
  7. Манжетни – наводно ги користат агенти за да се препознаат едни со други.
  8. Перика– која веројатно ја носела некој агент.
  9. Идентификациона картичка на директорот на ЦИА, Џина Хаспел.
  10. Кеса top-secret која агентите ја користат за уништување на докази.

Профилот на Инстаграм е отворен како дел од стратегијата на разузнавачката агенција за регрутирање на помлади генерации на офицери, агенти и аналитичари, со оглед на тоа што повеќето корисници на оваа социјална мрежа се помлади од 30 години.

“Придружувањето на Инстаграм е уште еден начин на кој ги споделуваме приказните на ЦИА и регрутираме талентирани Американци да служат во оваа агенција”, изјави портпаролот на ЦИА. “Преку профилот ќе овозможиме да се навлезе во животот на Агенцијата, но не можеме да ветиме селфи од тајните локации”.

Директорката на ЦИА, Џина Хаспел, ги најави плановите за водење профил на Инстаграм минатата недела, кога се појави на сесија на прашања и одговори на универзитетот Аубурн во Алабама. Овој профил на Инстаграм, рече Хаспел, е пример за тоа како разузнавачката агенција се модернизира и се инкорпорира во новите текови на дигиталната ера. Сепак, од 2014 година, ЦИА има свои профили на Твитер и Фејсбук. Нивниот прв твит, “Не можеме да потврдиме или да негираме дека ова е нашата прва објава”, беше во сличен манир и требаше да ја потврди нивната застрашувачка репутација.

извор: BBC

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365