Агенцијата BETC Traction и францускиот производител на автомобили сакаат патувањата да ги направат попријатни со овие необични очила
Агенцијата BETC Traction, специјално создадена за сервисирање на брендот Citroën, се потпре на традицијата на овој производител на автомобили, познат по своите удобни автомобили, за да создаде производ кој ќе го направи патувањето уште попријатно.
На тој начин настанаа Seetroën, првите очила против болеста при патување, уникатен, корисен и на прв поглед чуден предмет, кој првично ќе се продава во ограничени количини. Оваа болест е многу чест проблем кој влијае хронично на повеќе од 30 милиони луѓе во Европа, додека едно од три лица ги доживува симптомите на оваа болест најмалку еднаш во животот.
Очилата Seetroën користат технологијата на Boarding Ring – патентиран и тестиран медицински уред со 95% ефикасност, развиен од страна на еден француски стартап. Болеста при патување е последица на разликата во перцепцијата помеѓу видот и чувството на рамнотежа. Течност во боја се движи во прстените поставени во очилата во насока нанапред (десно-лево), но исто така и во сагитална насока (напред-назад). Ова создава вештачки хоризонт кој ги синхронизира видот и внатрешното уво, со што се решава болеста за помалку од 10 минути и во 95% од случаите.