Home » Во фокусот » Citroën прославува 100 години со кампања која ја промовира слободата

Citroën прославува 100 години со кампања која ја промовира слободата

За својата стогодишнина, Citroën со помош на агенцијата BETC Traction создаде нова епизода на бренд кампањата која беше лансирана во април минатата година

Citroën лансираше нова епизода на својата бренд кампања, која за нив ја креираше агенцијата BETC Traction, а со која прославува 100 години од своето постоење. Филмот е објавен на социјалните медиуми, а на телевизиските канали ќе се емитува преку MediaCom.

Видео спотот е вистинска ода на слободата која ја илустрира приказната на Citroën која започна во 1919 година: “Последните 100 години, ја споделуваме истата љубов спрема слободата”.

Носталгичните визуелни слики се придружени од безвременскиот музички хит “Take a long way home“, во интерпретација на Роџер Ходсон, коосновачот на Supertramp. Во спотот исто така, се појавува Жак Сегела, добро познат автор на рекламите за Citroen од 80-тите години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365