Популарните Coca-Cola поларни мечки се вратија, придружувани и од неколку пингвини, за да одбележат 25 години јубилеј како зимска маскота на брендот за безалкохолни пијалоци.
Најновата Божиќна кампања на Кока Кола, насловена „Christmas Rules“ („Божиќ е закон“), ги потсетува луѓето дека секој им своја специјална улога на Божиќната трпеза, дури и да е далеку од дома. Во ова анимирано семејство на поларни мечки, секогаш има место за еден повеќе.
Семејството на поларни мечки ги прославуваат празниците во стил – декорирана елка, богата вечера, гостопримливост спрема гостите и секако, заедничко селфи на трпезата. Секоја сцена е кратка поука за празниците – „секој има своја улога“, „побарај помош кога ти е потребна“ и „немојте да дозволите да избледат вашите традиции“.
Рекламата е дело на агенцијата David Сао Паоло, продуцирана од Vetor Zero, a музиката е празнична верзија на песната „Home“ од Phillip Phillips.
„Со цел да ги снимиме овие спонтани празнични моменти, нашиот продукциски тим помина една недела на Северниот Пол со ова прекрасно семејство. Беше прилично студено таму горе, но мечките беа гостопримливи и се чувствувавме како дома“, се пошегува креативниот потпретседател на агенцијата David, Рафаел Донато, по повод лансирањето на кампањата.