Со продажба која се движи помеѓу 35 и 45 милијарди долари, Кока Кола е на првата позиција
Кока Кола, Пепси и Нескафе се појавија како предводници во листата на 100 најуспешни FMCG брендови во светот, во однос на вредноста на продажбата, покажува најновата студија на агенцијата Euromonitor.
Со продажба која се движи од 35 до 45 милијарди долари, “Кока Кола“ е на врвот на листата. Латинска Америка беше најголемиот пазар за “Кока Кола“, во која е остварено 40% од вкупната продажба во 2017 година.
“Пепси“ е на второ место, со вкупна продажба од 10 до 15 милијарди долари. Северна Америка е најважниот пазар кој генерира продажба од 4 милијарди долари.
“Нескафе“, со продажба на помеѓу 10 и 15 милијарди долари од продажбата, стигна на третото место на листата на најуспешните светски брендови. Продажбата во азиско-пацифичкиот регион изнесува една третина од вкупната продажба на овој бренд за кафе во 2017 година.
Во сегментот на пакувана храна “Леј“ се проби на првата позиција со вкупна продажба од 10 до 15 милијарди долари. Потоа следува “Келог“ со продажба од 8 до 9 милијарди долари.
Кога станува збор за производи за убавина и лична нега, “Лореал Париз“ и “Нивеа“ се рангирани како два водечки брендови.
Студијата на Euromonitor анализира осум категории на производи на спакувана храна, безалкохолни пијалоци, убавина и лична нега, здравје, канцелариски материјал и хигиена, одржување на домаќинствата, топли пијалаци и храна за домашни миленици.
Продажбата во малопродажните канали за сите категории, освен храна за домашни миленици, била најголема во регионот Азија-Пацифик и овај регион е означен како клучен двигател на продажбата на многу FMCG мегабрендови.