Home » Во фокусот » Кока Кола претстави автомат кој им овозможува на купувачите да мешаат вкусови со помош на апликација

Кока Кола претстави автомат кој им овозможува на купувачите да мешаат вкусови со помош на апликација

Компанијата Кока Кола претстави нов автомат за пијалок под назив Coca-Cola Freestyle 9100, кој овозможува поврзување со смартфонот на купувачите, односно со апликацијата Freestyle

Кока-Кола веќе има уреди со екрани на допир кои нудат 200 различни опции за пијалаци. Речиси 50.000 кока-кола Фристајл апарати обезбедуваат 14 милиони пијалоци дневно во целиот свет, а сега е време за иновации.

Новите Freestyle 9100 апарати им овозможуваат на купувачот да се поврзе со уредот користејќи го својот паметен телефон и апликацијата Freestyle, преку Bluetooth, и да ја избере мешавината на пијалоците што ја посакува.

Уредот е претставен на саемот на Националното здружение на ресторани во Чикаго минатиот викенд, а во САД ќе се појави следната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365