Home » Во фокусот » Coca Cola «Teaser» & Marc Jakobs

Coca Cola «Teaser» & Marc Jakobs

Големите компании се големи затоа што прават големи нешта и секогаш се трудат да бидат иновативни и креативни. Таков беше случајот со Coca Cola во 2013 година.  Оваа компанија, како и секоја година, си одбра креативен директор за Coca Cola Light и тоа не било кој туку Marc Jakobs.  Имено тоа стана традиција во Coca Cola секоја година да има нов креативен директор кој што ќе ги употреби своите креативни вештини и ќе направи нешто инзвонредно.  Се работи за видеото «Coca Cola teaser» кое што можеме да го погледнеме подолу :

Со потпишувањето на овој договор, Marc Jakobs го наментна својот стил не само низ кампањите на Coca Cola Light туку и врз одреден број на лименки Coca Cola Light.

 Оваа креативна Coke авантура треба да продолжи и во 2014 година со новиот креативен директор Chantal Thomass кој што треба да ја дизајнира новата лименка и алуминиумско шише на Coca Cola Light. Оваа креација треба да биде промовирана токму на Свети Валентајн, денот на вљубените. Овој ден е избран бидејќи идејата на Chantal Thomass е да ја поврзи Coca Cola со гламурот, сенсибилноста па и љубовта.  Добра стратегија да се шармира и таргетира понежниот пол ? Сигурно дека да!

Подолу можеме да ја видиме Chantal Thomass во нејзиниот препознатлив «look» .

Chantal Thomass

 

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365