Home » Во фокусот » Кока Кола ја слави навивачката страст во кампања по повод партнерството со Премиер лигата

Кока Кола ја слави навивачката страст во кампања по повод партнерството со Премиер лигата

Со новата кампања на компанијата сака да ја нагласи моќта на фудбалот за зближување на луѓето

Кока Кола започна кампања по повод своето партнерство со Премиер Лигата, фокусирајќи се на оние заради кои се игра овај спорт – навивачите.

Спотот “Where Everyone Plays” ја препушта сцената на навивачите од цела низа клубови, прославувајќи ја навивачката страст и култура и пренесувајќи ја пораката за моќта на фудбалот за зближување на луѓето.

Спотот носи некои уникатни ликови, како што се омилениот лик на навивачите на Евертон “Speedo Mick” и маскотата на Кристал Палас, орелот Кејл. Кампањата која ја чинеше компанијата неколку милиони фунти ја креираше агенцијата М&С Saatchi. Во неа се појавуваат повеќе од 250 вистински навивачи на Премиер Лигата и неколку познати личности.

Спотот е во режија на Стејси Вол, која изјави: “Оваа реклама ја гледам како автентично и убедливо љубовно писмо до сите поддржувачи на Премиер Лигата во име на Кока Кола. Прикажавме вистински фанови кои придонесоа за тој магичен интегритет, реалност и автентичност на рекламата. Тие, исто така, покажуваат многу јасна вера, посветеност и страст за играта што совршено се вклопува во кампањата на Кока-Кола.”

Кампањата, исто така, се совпаѓа и со турнејата на трофејот на Премиер Лигата во Велика Британија, а ќе вклучува промоција во која еден навивач ќе добие можност да стане 12 играч во својот омилен клуб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365