Долгогодишната кампања на Кока Кола, “Holidays are Coming“, ќе се враќа и оваа година, но со значителна разлика, бидејќи компанијата сака да ја привлече помладата демографска група, па поради тоа го става Coke Zero во срцето на рекламата и влегува во партнерство со Snapchat и LadBible.
Напорите на Кока Кола за привлекување на млада публика всушност се наголемо фокусирани на Diet Coke производите, чија продажба сега ја надмина оригиналната верзија.
За овогодинешната Божиќна кампања, познатата телевизиска реклама, ќе ја има познатата музичка позадина и препознатливиот камион како и во изминатите години. Но, наместо класичната црвена бела етикета, ѕвездата на новата кампања ќе биде во боите Coke Zero.