(РЕГИОН) – M3 Communications Group беше избрана за ПР агенција на годината во Бугарија на натпреварот BAPRA Bright Awards, организиран од Бугарската асоцијација на ПР агенции (БАПРА). Тоа е најпрестижната награда на натпреварот, која што се доделува за реализирани успешни проекти и кампањи во изминатата година.
Оваа година на натпреварот беа пријавени вкупно 91 кампањи, а со најмногу награди – по 4, си заминаа Intelday Solutions и United Partners. M3 Communications Group, со основач и генерален извршен директор Максим Бехар, освои уште едно прво место. Тоа беше во категоријата “Иновативна кампања” за кампањата pCloud Crypto Hacking Challenge, што ја направи и агенција со најмногу освоени златни награди на овогодинешниот натпревар. Целосниот список на победници може да го видете подолу.
Сите ПР компании се натпреваруваа во вкупно 7 категории – кампања за одржлив развој, посебен настан, иновативна кампања, кампања реализирана од внатрешен PR оддел, комуникациска кампања во јавниот сектор, комуникациска кампања на годината и агенција на годината.
На годинешниот ПР форум на БАПРА, којшто се одржа во средата точно пред доделувањето на наградите, се донесоа и неколку основни заклучоци. Бугарските и меѓународни ПР специјалисти заклуија, дека креативноста почнува да игра се’ поклучна улога во реализирањето на кампањите. Тоа се должи на постојаното зголемување на бројот на компании и агенции на пазарот, од кои сите се стремат да се истакнат и да бидат запаметени. Освен тоа, агенциите имаат потреба од повеќе и подетални податоци за успешно изготвување на своите кампањи. Публиката се проучува се’ подлабоко за извлекување на неопходните информации.
Целосниот список на победници:
Категорија “Агенција на годината“
Прво место:M3 Communications Group
Второ место:United Partnеrs
Трето место:All Channels Communications
Категорија “Кампања за одржлив развој“
Прво место:Intelday Solutions со кампањата “Ангелите работят и след Коледа”
Второ место :APRA Porter Novelli со кампањата “Живей активно”, BBDO Group со кампањата “Най добър-старт за всяко дете” и United Partners со кампањата “Научната лаборатория на Байер”
Трето место:Related PR со кампањата “Културен фестивал Нощ/ Пловдив 2015”
Категорија “Специјален настан на годината“
Прво место:APRA Porter Novelli со кампањата “Живей активно”
Второ место:United Partners со кампањата “Научна лаборатория на Байер”
Трето место:M3 Communications Group со кампањата “Най-щастливият концерт” и All Channels Communication Group со кампањата “Мтел Медия Мастърс 2015 година с “5 сценария за утре”
Категорија “Иновативна кампања“
Прво место:M3 Communications Group со кампањата “pCloud Crypto Hacking Challenge”
Второ место:Knowbox со кампањата “Златната ябълка”
Трето место:BBDO Group со кампањата “Най-добър старт за всяко дете”
Категорија “Кампања реализирана од внатрешен PR оддел“
Прво место:БНТ со кампањата “Международен песенен конкурс – Детска Евровизия 2015”
Второ место:Внатрешен ПР оддел на Поштенска банка со кампањата “Крилете на успеха”
Трето место:Publicis Groupe Bulgaria со кампањата “Позитивната промяна – 20 години Publicis Groupe Bulgaria”
Категорија “Комуникациска кампања во јавниот сектор“
Прво место:United Partners со кампањата “Енергийно ефективна музикална индустрия”.
Второ место:Intelday Solutions со кампањата “Не увреждай правилата” съвместно с Център за независим живот
Трето место:Invictus со кампањата “Реформа за сигурност” заедно со Синдикланата федерација на вработените во МВР, Фондацијата “Общество и сигурност”, Здружението “Просперитас” и прес-центарот на МВР, остварена со медиумско партнерство на БНТ
Категорија “Комуникациска кампања на годината“
Прво место:New Moment со кампањата “Каменица “Един за всички: Да си ги върнем у дома”.
Второ место:Intelday Solutions со кампањата “Не увреждай правилата” и “Ангелите работят и след Коледа” и Publicis Groupe Bulgaria со кампањата “Philips TV. Nе гледаш. Изживяваш!”
Трето место:Publicis Groupe Bulgaria со кампањата “Нес Кафе – 3 в едно Видео музикални награди”