Home » Во фокусот » Content marketing и свртување на вниманието

Content marketing и свртување на вниманието

Во маркетинг светот во 2018 година content marketing или содржинскиот маркетинг, претставува една од главните позиции

Така, content стратегијата подразбира поврзување со целната публика преку блог постови, е-книги, видео содржини, инфографици и на многу други начини, па на тој начин полека се гради доверба и кредибилитет, а преку процеси во кои корисниците се информираат, едуцираат и учествуваат во решавање на проблемите, што создава врски кои потенцијалните клиенти ги претвораат во клиенти кои плаќаат.

Терминот “content marketing” е присутен веќе неколку години и вклучува креирање на содржини чија главна цел е да остави впечаток, односно на определена целна група да им се продаде некоја идеја, додека целта на традиционалниот маркетинг е секогаш продажба на самиот производ, кој е крајниот производ од идеите што му претходеле. На тој начин, старите начини на рекламирање веќе не се доволни, бидејќи потенцијалните корисници се презаситени, па нападните реклами веќе не го привлекуваат нивното внимание. Целните групи и модерниот човек денес сакаат смисла, забава, и можеби најважно, квалитетни и корисни информации.

Така, содржинскиот маркетинг може да биде текст, билтени, newsletter, меил, е-книга, инфографик или извештај, а неговата цел е да се зголеми видливоста на некој бренд и да создаде атмосфера на поврзаност и разбирање, заради воспоставување на квалитетен однос кој обезбедува купувањето на производот, односно потрошувачка на “подолги патеки”.

Бидејќи вниманието на современиот човек, како и самиот човек, доживеа еден вид на еволуција, која вклучува пониска концентрација и брзи промени во интересот на луѓето, традиционалните маркетинг методи не се ефикасни како порано, па содржинскиот маркетинг е добар начин за привлекување и задржување на вниманието, бидејќи обезбедува содржина која јасно таргетира некоја публика, односно и дава одредена смисла, бидејќи таа во неа препознава работи кои се важни и имаат одредено значење за неа .

Еден од најинтересните примери на content marketing е видеото со наслов Dumb Ways To Die, кое што сигурно и` е познато на пошироката публика, а кое се појави во 2012 година. Иако наликува на песна од некој мрачен анимиран филм, ова видео е всушност, кампањата на австралиската железница, а има за цел да ја подигне свеста за безбедноста на и во близина на железничките пруги. Кампањата се покажа како многу успешна, а стапката на смртност меѓу учесниците во железничкиот превоз се намалила за дури 21%, односно доведе до тоа на неа да реагираат и помладите генерации, кои за безбедноста и не размислуваат толку често.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365